Маж на возраст од 58 години загинал вчера откако камионот кој го управувал се превртел и паднал во провалија во близина на кавадаречкото село Мрежичко.
Станува збор за И.К. од Кавадарци, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, починал на лице место.
Несреќата се случила додека истоварал земја од товарно возило „ман“.
Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кавадарци и Територијалната противпожарна единица Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата.
Неговото тело е дадено на обдукција во Институт за судска медицина Скопје.
Фото: Унсплеш














