17-годишно момче загина во сообраќајка во Кичево

На 04.07.2025 година во 15:26 часот, на пресекот на улиците „Борис Кидриќ“ и „Мирко Милески“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од А.Е. (22) од кичевското село Стрелци и моторцикл „хамачи“, управуван од 17-годишно момче од Кичево, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Моторциклистот, со тешки телесни повреди бил пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје, но при транспортот им подлегнал на повредите, а доктор од Итната медицинска помош констатирал смрт.

-Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, врз телото на моторциклистот, ќе биде извршена обдукција, велат од МВР.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести