Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело – убиство во обид, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Инцидентот, според МВР, се случил на 6. септември годинава во семејниот дом на малолетникот, кој со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на својот 51-годишен татко.
Полицијата интервенирала на местото на настанот, а целиот случај е целосно документиран.