Момче на возраст од 19 години вчера е пронаједно починато во неговиот дом во скопското село Огњанци.
Станува збор за лицето Р.О., а според Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Неговото тело е дадено на обдукција.














