Полициски службеници од СВР Штип го привеле 28-годишниот Ф.Ј. од Штип, под сомнение дека во периодот од октомври 2024 до 20 јуни 2025 година, со закани и психичка присила оштетил 21-годишен сограѓанин, одземајќи му вкупна сума од 275.000 денари.
Според пријавата, осомничениот систематски го уценувал младото лице – го терал да аплицира за брзи кредити во неколку финансиски друштва, да се задолжува кај трети лица, го принудил да го продаде својот мобилен телефон, како и да земе пари од неговиот татко.
По преземените дејства, случајот е пријавен кај јавен обвинител, а против Ф.Ј. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по целосно документирање на доказите.