Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека во раните утрински часови во 02:50 часот се случила сообраќајна незгода на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, откако автомобил излетал од коловозот и удрил во повеќе објекти покрај улицата.
-Автомобил „Ауди“, управуван од 22-годишниот А. Ш. од Скопје, излетал од патот, по што удрил во канделабра, метално столбче и конструкција на автобуска постојка, велат од таму.
Во незгодата е причинета само материјална штета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Автомобил се заби во автобуската постојка на Бит Пазар, и ја сруши














