Колкави приходи имале 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани

Заедничките вкупни приходи на телевизиите 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани изнесувале 142,27 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работеле телевизиите 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани

-Речиси половина од овој износ (48,75 %) биле од емитување платено политичко рекламирање. Вкупните трошоци на овие пет телевизи изнесувале 181,21 милиони денари.

Ова е единствен сегмент од индустријата каде што заедничкиот резултат од работењето е негативен (загубата изнесува 39,82 милиони денари).

Во споредба со претходната година, вкупните приходи на овие пет телевизии се повисоки за 58,75 %, но ова зголемување е исклучиво резултат на приходите од платеното политичко рекламирање (69,36 милиони денари).

Ако се исклучат приходите од платеното политичко рекламирање, вкупните приходи се всушност пониски за 18,65 %, стои во анализата.

75 % од заедничките приходи на овие пет телевизии се приходите на 24 Вести и Компани 21-М.

-Овие две телевизии во секоја од последните шест години прикажувале забележително повисоки приходи отколку другите телевизии.

Приходите од продажбата на времето за рекламирање изнесувале 135,90 милиони денари, што претставува 95,52 % од вкупните приходи на овие пет телевии. Во овој износ се пресметани приходите од комерцијалното рекламирање во износ од 66,54 милиони денари и приходите од платеното политичко рекламирање за време на парламентарните и претседателските избори, во вкупен износ од 69,36 милиони денари.

Најмногу приходи од комерцијалното огласување прикажала 24 Вести – 30,13 милиони денари, што е 45,28 % од рекламниот колач на овој релевантен пазар.

Највисоки приходи од платеното политичко рекламирање остварила Компани 21-М – 37,65 милиони денари. Телевизиите Компани 21-М и Шења оствариле повисоки приходи од платеното политичко рекламирање, отколку од емитување комерцијални реклами во текот на целата година.

Анализата на приходите од комерцијалното рекламирање покажува пад од 15 % во однос на претходната година. Повисоки приходи прикажале 24 Вести и Наша ТВ, а забележително намалување од 48 % има кај приходите од реклами на Компани 21-М, се вели во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работеле Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани

На што трошеле Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани

Колкави приходи имале Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести