24-годишна девојка пронајдена почината во хотел во скопски Центар

Девојка на возраст од 24 години вчера е пронајдена почината во хотел во скопски Центар.

Се работи за Г.Ј. од Охрид, која како што информираа од Секторот за внатрешни работи Скопје била вработена во хотелот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Нејзиното тело е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести