Шестте телевизии, од кои две емитуваат програма преку сателитски предавател (24 Вести и Наша ТВ), а четири преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа (Компани 21-М, Шења, Клан и Сонце) лани заеднички имале (без Клан) вкупни приходи од 142,27 милиони денари, покажува Анализата на пазарот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колкави приходи имале 24, Наша, Шења, ТВ 21 и Сонце лани
Вкупните трошоци на петте телевизи изнесувале 181,21 милиони денари.

Три телевизии работеле со добивка (Наша, Компани 21-М и Шења), а две годината ја завршиле со загуба (24 Вести и Сонце). Заедничкиот финансиски резултат и оваа година бил загуба во износ од 39,82 милиони денари, стои во анализата.
-Во секоја од последните шест години, 24 Вести и Сонце работеле со загуба, а Наша ТВ за првпат остварила добивка во 2024 година, се вели во анализата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како работеле Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани
На што трошеле Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани
Колкави приходи имале Алфа, Алсат-М, Канал 5, Сител и Телма лани
Илустрација: Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги