еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

27-годишно момче загина откако со возило удрило во бандера на патот Драчево-Катланово

Момче на 27-годишна возраст загинало вчера откако на регионалниот пат Драчево-Катланово, во атарот на скопското село Морани, со автомобил „фолксваген бора“ удрило во рефлектирачко столбче на патот, оградата и во бандера која паднала врз возилото.

Станува збор за С.Ј. од скопското село Студеничани, а како што информираа од полицијата, од здобиените повреди починал на лице место на несреќата.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а неговото тело е предадено на обдукција.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил и неговиот сопатник Џ.Т. (22) од Студеничани, кој бил префрлен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општините за новогодишно украсување потрошиле 615 илјади евра: Најголем дел од парите за една фирма

Редакција

Koja e Фани Каранфилова Пановска, новата заменик претседателка на СДСМ

Редакција

Трагедија во Велес: Почина седумгодишно дете

Редакција