За 6 часа собрани потребните 3.1 милиони денари за малата Ана: Македонија се сплоти

Вчера за шест часа се собраа потребните 3.1 милиони денари за лекување на 8-годишната Ана Јованчев, информираше на Фејсбук лекарот Ненад Лазаров од ecrowd.mk, од каде ја покренаа кампањата за собирање на средствата, и истата е затворена.

-Ваква реакција е гордост и треба сите да сме, тука сме и понатака сите за Ана и нејзините родители, барем од финасиското бреме ги растеретивме.

Секоја среќа ти ја посакуваме Ана душо, цела држава стана за тебе зошто заслужуваш се!, напиша тој.

На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итно и требаме на 8-годишната Ана Јованчев

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести