Итно и требаме на 8-годишната Ана Јованчев

Ана Јованчев има само 8 години. Возраст во која децата треба да мислат на училиште, игра и соништа – не на болници и тешки дијагнози.

На Ана ѝ е дијагностициран редок и исклучително агресивен тумор на синусите – Tu Foss pterygopalatina Sinus sphenodalis lat dex et orbitae lat dex.

Болеста е сериозна, комплексна и со висок степен на ризик, а времето е најкритичниот фактор.

Дијагнозата е потврдена во Хрватска, каде во моментов се бара специјализиран хирург кој ќе ја изврши неопходната операција. Станува збор за исклучително деликатна интервенција поради локализацијата на туморот и неговата агресивност.

-Ова е најитната кампања досега.

Секој изгубен ден значи дополнителен ризик. Секое одложување ја намалува шансата за навремена реакција. Пред Ана е тешка борба – но таа не смее да ја води сама.

Потребни се средства за хируршка интервенција, медицински трошоци и третман во странство. Семејството се соочува со огромен финансиски товар кој ги надминува нивните можности.

Да покажеме дека солидарноста е посилна од болеста. Да дадеме шанса на едно 8-годишно дете да продолжи да сонува, да расте и да живее. Сега е моментот. Итно, се вели во повикот на ecrowd.mk.

Потребни се средства за хируршка интервенција, медицински трошоци и третман во странство. Семејството се соочува со огромен финансиски товар кој ги надминува нивните можности.

Донирајте ОВДЕ.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести