30-дневен притвор за директорот на Комунална хигиена и управителот за отпад

Директорот на скопското јавно претпријате Комунална хигиена, Сабахадин Рустеми и управителот за отпад, Аки Саити, кои беа приведени вчера, денеска од Кривичниот суд добија 30-дневен затворски притвор.

„Согласно решението на судот, за осомничените С. Р. и А. С., вработени во ЈП ‘Комунална хигиена‘, мерката притвор е определена заради постење на основите од чл. 165 ст. 1, точка 2 и 3 односно Опасност да ја попречи истрагата или да влијае врз сведоци и Можност да го повтори делото“, информираа од Кривичниот суд.

Против овие решенија тие имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој Суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена, кој е приведен

Каков имот пријавил Сабахадин Рустеми, директорот на Комунална хигиена Скопје

Кој се раководи со Комунална хигиена, која е во фокусот поради сметот во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести