38-годишен македонски државјанин пронајден мртов во центарот на Љубљана, според словенечките медиуми бил претепан до смрт

Маж на возраст од 38 години од Македонија во четврток наутро бил пронајден мртов на улица во центарот на главниот град на Словенија, Љубљана.

Засега не е позната причината за неговата смрт и неговиот идентитет, а словенечкиот портал 24ur.com, неофицијално објави дека бил претепан до смрт, за што нема потврда од полицијата.

Наредена е обдукција на неговото тело за да се разјасни причината за неговата смрт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Кочани е Македонецот кој бил пронајден мртов во Љубљана

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести