41-годишна жена загина во несреќа кај Македонски Брод

Жена на возраст од 41 години загина во несреќа која се случила вчера на локалниот пат за селото Русјаци, Општина Македонски Брод.

Станува збор за К.С.С. од Кичево, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, таа од повредите починала на лице место.

До несреќата дошло откако возило „цитроен“, со кое управувала починатата излетало од коловозот и се превртело.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците С.С. (69), М.С. (62) и шестгодишно дете, сите од Кичево, констатирани во Општа болница Прилеп.

Телото на почината е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести