42-годишен маж од Тетово пронајден мртов во возило, полицијата истражува дали е убиство

Маж на возраст од 42 години денеска е пронајден мртов во семејното возило „ауди” во атарот на селото Нераште.

Станува збор за А.Б. од Тетово.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово, претходно вчера неговота сопруга Б.Б. (33) пријавила во полиција дека тој се оддаличил од домот со возилото и не се јавувал на телефонските повици.

Од полицијата истражуваат дали станува збор за убиство, бидејќи во возачкото стакло имало отвор од испукан проектил, а мажот во пределот на главата бил облеан во крв.

Првичното сомневање е дека лицето било застрелано со огнено оружје.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести