Обвинение за 43-годишниот маж од Кавадарци кој ја уби својата вонбрачна партнерка

По спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против 43-годишниот маж од Кавадарци кој ја уби вонбрачната партнерка.

Тој е обвинет за убиство.

-Обвинетиот 43-годишник, во прецизно неутврден момент меѓу 20.5.2021 и 22.5.2025 година, при вршење семејно насилство ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Делото го извршил во станот во кој престојувала оштетената на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци.

Обдукцијата покажа дека тој свесен за своето дело, насилно и ги затворил носот и устата, предизвикувајќи задушување.

Јавниот обвинител до Судот достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести