Семејствата на загинатите во пожарот во т.н. дискотека “Пулс“ маршираа во Кочани по 44. пат.
Тие повторно порачаа дека нема да се откажат од барањето за правда.
Според нив, трагедијата не смее да биде заборавена ниту сведена на уште една вест во јавноста, туку треба да остане траен потсетник за важноста на одговорноста, вистината и почитувањето на човечкиот живот.
Учесниците на маршот истакнаа дека нивната борба не е мотивирана од желба за одмазда, туку од потребата за вистина, одговорност и правична разрешница на случајот.
Порачаа дека не бараат пресуди на улица, туку фер, независен и транспарентен судски процес што ќе ги утврди сите факти и ќе ја лоцира одговорноста за трагедијата.
Фото: Архива/Игор Бансколиев














