46-годишен маж се удави во Дебарско Езеро

Маж на возраст од 46 години вчера се удави во Дебарско Езеро, близу до селото Папрадник, Општина Центар Жупа.

Станува збор за М.И. од Скопје, а како што информираа од Министерството за внатрешни работи, неговото тело е предадено на обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

На телото немало траги на насилство.

Според рибочуварската служба станува збор за спортски риболовец, кој често доаѓал на риболов за што поседувал и дозвола.

Годинава ова е втор случај на давеник во Дебарско Езеро. Во јуни се удави жена на возраст од 27 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

27-годишна девојка пронајдена почината на брегот на Дебарското Езеро

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести