Маж на возраст од 48 години загинал вчера откако со возило „пежо“ излетал од коловоз на магистралниот пат Кочани-Виница.
Станува збор за Б.Ќ., кој како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани, починал на лице место.
Несреќата се случила на местото викано „Сланечки дол“.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














