Маж на возраст од 56 години загинал вчера во сообраќајна несреќа на регионалниот пат во селото Ратавица, кај место викано „Глобица“.
Станува збор за Г.С. од Кочани, кој со тешки телесни повреди со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде им подлегнал на повредите, информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип.
Несреќата се случила откако починатиот со патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки се судрил со патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М. (29) од Кочани.
Кај сопатникот на починатиот, С.С. и возачот на другото возило биле констатирани телесни повреди.
Фото: Унсплеш














