Нов случај на насилство помеѓу малолетнички.
Овој пат во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, малолетно девојче било натепано од соученичка, а друг малолетник пак тепањето го снимал со мобилен телефон.
Случајот во полицијата го пријавил нејзиниот татко М.Д. (52) од Скопје, а инцидентот се случил на 8. мај.
Од полицијата велат дека за инцидентот биле известени стручните служби во училиштето, а по целосно расчистување на случајот ќе следувале соодветни поднесоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И други девојчиња малтретирале насилничките од Ѓорче Петров: Нови детали
Ало, имаме сериозен проблем со насилството помеѓу малолетниците!
Фото: Унсплеш














