65-годишен управител на образовен центар во Штип допирал девојчиња на возраст од 10 до 13 години

Управител на образовен центар во Штип за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички.

Станува збор за А.Ш. (65) од Штип, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип е уапсен, а во полиција го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Штип.

Со судска наредба биле извршени претреси во неговиот дом и во образовниот центар и биле одземени предмети за понатамошна постапка.

Против него од Министерството за внатрешни работи (МВР) е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена.

Основното јавно обвинителство Штип пак за него отвори истражна постапка.

– Последователно, од септември 2023 година до 11. мај 2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото, соопшти ОЈО Штип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести