Маж на возраст од 66 години денеска изутрина е пронајден починат на тротоар на булеварот „Илинден“ во Скопје.
Станува збор за Т.К. од Скопје, а како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, тој претходно бил пријавен дека не се вратил во неговиот дом.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Неговото тело е предадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














