Маж на возраст од 68 години синоќа после 1 часот по полноќ бил уапсен во Битола поради сомнение дека извршил „полов напад на дете кое не наполнило 14 години” во хотел во градот.
Станува за Ј.С. од Берово, кој престојувал во Битола, а од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола информираа дека девојчето имало 12 години.
По расчистување и документирање на случајот за него ќе биде поднесен соодветен поднесок.