Маж на возраст од 69 години загинал вчера откако се превртел со трактор со приколка.
Станува збор за М.К. од гостиварското село Долна Бањица, а како што информираа од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Гостивар тој починал на лице место.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Фото: Унсплеш














