77-годишна жена пронајдена почината во семејниот дом во Кисела Вода

77-годишна жена е пронајдена почината во семејниот дом во Кисела Вода.

– На 24.10.2025 во 12:50 часот во СВР Скопје, И.С.Т. пријавил дека во семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода во Скопје ја пронашол почината неговата  баба Д.С.(77). Според пријавеното, ѝ се слошило и паднала во куќата, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт,“ се вели во билтенот на МВР.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.   

Фото/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести