еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зошто поранешниот министер Бектеши останува во затворски притвор

Во интервју за Алсат М, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, објасни зошто на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши повторно му е продолжен затворскиот притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер Бектеши останува во затворски, а поранешните градоначалници Илијев и Димитровски во куќен притвор

Коцевски рече дека обвинителскиот тим не држи никого во притвор без причина, вклучувајќи го и Бектеши. Објасни дека притворот се определува врз основа на ризикот од влијание врз сведоци, повторување на делото или бегство.

„Во конкретниот случај министерот, и не само тој, и дел од останатите осомничени се наоѓаат во притвор, но тоа не значи дека мора да останат во притвор.

Се до моментот кога јавните обвинители ќе оценат дека има услови за определување притвор тие може да поднесат предлог и судот одлучува по тоа дали ќе определи или не, односно дали ќе го продолжи притворот или не“, кажа тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил поранешниот министер Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани

Каков имот пријавил Илијев, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор

Каков имот пријавил Димитровски, поранешниот градоначалник на Кочани, кој доби 30 дена притвор

Фото: Бектеши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На распродажба имотот на ТВ Нова: Се нудат автомобили, камери, компјутери…

Редакција

Над 100 полицајци, хеликоптер, доброволци во активна потрага по Петар Џобоски

Редакција

(Галерија) Митко Јанчев има две канцеларии

Петре Димитров