еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил министерот Арбен Таравари, кој поднесе оставка

Министерот за здравство, Арбен Таравари е во фокусот на јавноста откако вчера поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Арбен Таравари поднесе оставка

Истата е веќе доставена до премиерот Христијан Мицкоски, а од Владата треба да биде испратена во македонското Собрание, каде оставката треба да ја констатираат пратениците.

Таравари поднесе оставка откако неговото крило во поделената Алијанса за Албанците, прво излезе од коалицијата „Вреди“, а потоа и од Владата, откако реши на престојните локални избори да настапи самостојно.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога стана министер..

Каков имот пријавил

На свое име има куќа во Гостивар, која е подарок, стан од 94 метри квадратни и куќа од 261 метар во скопски Карпош, како и градежно земјиште во Тетово.

Вози Волво.

На свое име има и кредит од 4,5 милиони денари, кој треба да го врати до 2043 година.

На име на сопругата пријавил златен накит, а на свое име уметнички слики, како и приходи од закуп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Вреди“ има нов коридинатор, еве кои пратеници останаа во пратеничката група

Кој е Арбен Таравари, кандидат за министер за здравство

Министерот Таравари денеска ќе поднесе оставка, што ќе се случи со другите кадри на Алијанса за Албанците?

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев ги знае сите детали за бегството на Груевски, но ќе ги соопшти на јавноста кога ќе дојде време

Редакција

Владата вработува, плата до 22.500 денари

Редакција

(АУДИО) „Добар човек“ објави 11 „бомби“ за „Рекет“

Редакција