Од 1. јули се намалуваат царините за 67 стоки, кои се увезуваат од Европската Унија (ЕУ) и се користат во домашната индустрија.
Станува збор за суровини или репроматеријали кои се употребуваат во автомобилската, метало-преработувачката, металуршката и енергетската индустрија, вклучително и за литиум-јонските батерии за кои царините се намалуваат од 15 на 2,7%.
Со измените се врши намалување на царинските стапки за 50% на разликата помеѓу нашите постојни царински стапки и царинските стапки за тие стоки во ЕУ.
Во македонскиот буџет со намалувањето на царините за овие производи, на годишно ниво ќе влегуваат 2 милиони евра помалку.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку ќе изгуби македонскиот буџет од укинувањето на царините за САД?
Македонија ќе ги укине царините за стоки од САД