Вчера на подрачјето на скопска Гази Баба по 22 години бегство е уапсен 43-годишниот Хамди Бајрамовски познат како командант Бреза, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Тој е веднаш спроведен во затворот „Скопје“, каде треба да отслужи казна од 11 години затвор за две кривични дела.
Изминативе години се бараше со меѓународна потерница за „разбојништво“ за што добил казна од пет години затвор, како и за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, за што добил шест години затвор.
Како што информираа од МВР се барал и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела.
Фото: МВР