Кој е командант Бреза, кој е уапсен по 22 години бегство

По 22 години бегство во скопска Гази Баба е уапсен 43-годишниот Хамди Бајрамовски, познат како командант Бреза.

(Фото) По 22 години бегство уапсен командант Бреза

По апсењето заврши во затворот „Скопје“, а изминативе години се бараше со меѓународна потерница за две кривични дела за кои добил 11 години затвор.

Има за одлежување уште пет години затвор.

За што се гонеше

За кривичното дело „разбојништво“ добил казна од пет години затвор, а за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, шест години.

Се бараше и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела.

Стоеше зад “нелегална воена едница“

Освен за разбојништво и трговија со дрога, тој на јавноста и е познат како лице кое стоеше зад „нелегална воена единица“.

Имено во 2005 година полицијата при претрес во неговиот дом најде голема количина на оружје – минофрлачи, гранати за РПГ, униформи, тенковски гранати, над 300.000 куршуми…

(Фото) Во Грција по 27 години бегство уапсен Ацо Боцевски „Циганот“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести