Матеа има 11 години и веќе седум години се бори со ретка генетска болест Фридрих Атаксија. Од дете со нормален развој претходниве неколку години таа ги минува низ болничките ходници.
„Еднаш и е направен третман со матични клетки кој кај неа се покажа многу ефикасен. Докторите од Медикал препорачуваат да се направи уште еден третман поскоро за подобрување на нејзината состојба. За целта да биде остварена, потребни се 28.500 евра. Поради долгата борба нашите финансиски сили се исцрпени и немаме друга можност како да ги обезбедиме затоа ни е потребна вашата помош.
Потребните средства, според профактурата, изнесуваат 28.500 евра. Доколку сте во можност, вашиот придонес може да го остварите со онлајн донација со картичка, од 100 до 6.000 денари по картичка на ден.
Отворен е и донациски број на Телеком, каде што можете да донирате 100 денари со повик на бројот 143 414,“ се вели во апелот за помош.
Може да донирате ОВДЕ.