Поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, бегалецот Артан Груби е во фокусот поради честитките за неговиот роденден.
И по шест месеци нема официјална информација каде е. Како што е познато избега од Македонија откако САД го ставија на т.н. црна листа, а се гони и за проневера во Државна лотарија.

Меѓу лицата кои му честитаа роденден на Фејсбук, е и неговата мајка Зира Груби.
Таа смета дека нејзиниот син го гонеле како во времето на комунизмот, дека станува збор за политичка одмазда, и дека вистината ќе победела, а меѓудругото пишува и дека никогаш не била погорда на него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил бегалецот Артан Груби
Како Артан Груби и Прпарим Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија
Фото: Груби/Фејсбук