Денеска завршни зборови на Обвинителството за убиството на Вања и Панче

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Денешното рочиште треба да продолжи со завршните зборови на Основното јавно обвинителство Скопје.

Обвинети се Љупчо Палевски Палчо, кој е првообвинет, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски.

Сите се изјаснија за невини.

Ѓорчевска и Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември, а на 3. декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На барање на Обвинтелството, завршните зборови на судењето за убиството на Вања и Панче презакажани за 9. јуни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести