Уапсен струмичкиот бизисмен Ристо Крмзов

Денеска утрово се уапсени неколку лица, а повеќе медиуми објавија дека меѓу нив е и струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов.

Крмзов извинативе години од страна на медиумите и владејачката ВМРО-ДПМНЕ се поврзуваше со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

Засега нема официјални информации за оваа акција на Бирото за јавна безбедност, Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи, која била извршена по налог на јавен обвинител.

Неофицијално лицата се уапсени поради фиктивно прикажување на добивки и симулирано плаќање на даноци за поврат на ДДВ.

Лицата, неофицијално, со помош на фиктивни фирми, непостоечки физички лица од Косово и други земји, оформувале лажни трансакции како параван за изигрување на законот, а нелегално стекнатите средства, преку монтирани државни исплати завршувале во приватни џебови, а потоа се переле и легализирале преку градежниот сектор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крмзов, 22 физички и 15 правни лица предизвикале штета на буџетот од 94,3 милиони евра: Детали од МВР

МВР потврди дека е уапсен Ристо Крмзов за кого има предистрага од лани

Фото: КОД/Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести