Министерството за внатрешни работи потврди дека денеска е уапсен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов, а од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) информираа дека за истиот случај се приведени уште две лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен струмичкиот бизисмен Ристо Крмзов
За Крмзов има предистрага од септември лани, откако претходно беше спроведена акција за даночно затајување, даночна измама и перење пари во фирми во Струмица, Скопје и Гостивар, поврзани со него.
Тогаш беа приведени четири лица, меѓу кои и Крмзов, кој остана без пасош, а Обвинителството оформи предмет.
Крмзов од медиуми и ВМРО-ДПМНЕ изминатиов период беше посочуван како близок до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.
Повеќе информации ОЈО ГОКК најави за утре.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ