Лицето кое вчера беше спасено откако паднало во провалија во близина на Ливадичко езеро на Шар Планина е 57-годишен маж од тетовското село Рогачево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Спасено лице кое паднало во провалија кај Ливадичко езеро, има тешки повреди
Се работи за Ј.С. , а како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи тој е транспортиран во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје.
Тој како што веќе објавивме има сериозни повреди – скршеници на раката, ногата и колкот и обилно крварење.
Покрај него на местото на несреќата биле затекнати уште две лица – Ф.Ф. (45) од Скопје и С.С. од Рогачево, кои биле во добра здравствена состојба.
Фото: АРМ