Маж на возраст од 49 години загина вчера во несреќа која се случила на регионалниот пат Прилеп-Битола.
Станува збор за М.Б. од Прилеп, кој додека туркал велосипед во него удрило возило „рено“, управувано од Т.Д. (51) од прилепското село Галичани.
Починатиот мажот по несреќата, како што информираа од полицијата, со тешки телесни повреди бил пренесен во Општата болница Прилеп, каде што подоцна им подлегнал на повредите.
Фото: Унсплеш