Неколку македонски државјани ќе бидат евакуирани од Израел со владиниот авион, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тие ќе бидат пренесени во некоја соседна земја, најверојатно во Египет.
Моментално девет македонски граѓани бараат помош од државата за евакуација од Израел.
Македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија пред неколку денови ги повика македонските граѓани да не патуваат во Израел и Иран, поради вооружениот конфликт помеѓу двете земји.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Војната помеѓу Израел и Иран ќе удри и по нашиот џеб, цената на нафтата почна да расте