Само периодов има над 100 огласи за вработувања во министерства, државни претпријатија и институции.
Така како што веќе пишуваше еМагазин, македонското Собрание вработува 49 службеници, по 15 службеници вработуваат министерствата за финансии и одбрана, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вработува девет, Јавното претпријатие за државни патишта 11 службеници…, а огласи за вработувања има и во Бирото за развој на образование, Комисијата за заштита на конкуренција, Министерството за култура и туризам…
Вработувањата се на неколку месеци пред престојните локални избори кои ќе одржат есенва, најверојатно октомври.
Според законската регулатива тоа не е незаконски, но експертите со кои разговараше еМагазин, посочуваат дека вработувањата пред избори не се во духот на доброто управување, а вработувања можат да се вршат само во дел на неодложни и итни случаеви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министерството за финансии вработува 15 службеници
Министерството за одбрана вработува 15 службеници
Собранието вработува 49 службеници