Манев го откри идентитетот на лицето кое добило задача од Палевски да го земе ранецот каде бил пиштолот, користен за убиствата на Вања и Панче

На денешното рочиште во Основниот кривичен суд за убиствата и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, обвинетиот Велибор Манев откри дека вработен како техничко лице во Народна банка, член на политичката партија Десна е лицето кое добило задача од првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да го земе и да го уништи или скрие синиот ранец каде бил пиштолот и моторолите користени во двете убиства.

-Дознав кога Палевски ми се јави од турската граница и ми кажа да му се јавам на Зоран, за тоа што го зел од канцеларијата, како што се изрази Палевски „пакетот“, да го отстрани од кај него, да го фрли или да го уништи, да не може да се најде. После тоа морав да го известам Палевски дека сум се јавил и сум ја пренел пораката, рече меѓудругото Манев.

Тој во својот завршен збор уште еднаш потенцираше дека одлучил уште од самиот почеток на судењето да ја зборува вистината и изрази надеж дека Судот ќе ја цени неговата искреност при изрекување на казната.

-Јасно кажав дека немам поим, ниту сознанија дека Палевски планира да убива. Откако ги изврши убиствата, ми стана јасно, но многу доцна сфатив дека имал двоен план, па затоа ги зачував снимките од мојот ресивер. Можев да ги избришам снимките и можев да ги исклучам камерите. Но, со тоа ќе му дадев алиби на Палевски, а според неговото кажување, виновници за убиството ќе бевме јас и Боре. Но, ние не направивме убиство, а јас лично немав ни мисла ни намера за убиство, рече Манев.

За на таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски, кажа дека нема докази дека контактирал со Палевски.

-Јас лично не го познавам, а и тој самиот кажа дека не ме познава. Како дадов изјава дека се слушале, веќе ви кажав, со ќотек. Се прашувам каков интерес би имал да го бранам Сашо со мојот исказ, а за него прв пат слушнав во полициска станица. Некој овде лаже, рече Манев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пресудата за убиствата на Вања и Панче на 25. јуни, што кажаа обвинетите во завршните зборови

Уапсено лицето вработено во Народна банка, за кое Манев сведочеше дека го зел ранецот во кој бил пиштолот со кој се убиени Вања и Панче

Ослободителна пресуда за Палевски побара неговиот бранител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести