Врвна музика под отворено небо во срцето на Скопје, по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус

Националната опера и балет ќе одржи гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ на платото, на 5 јули, во 21 часот.

„Концертот ќе се одржи по повод 200 годишнината од раѓањето на Јохан Штраус, еден од најзначајните композитори на виенската класика. Ќе настапи оркестарот при МОБ составен од 80 музичари, под диригентска палка на маестро Винценц Праксмарер и солистите Бригита Симон и Иван Наумовски, со репертоар составен од најпознатите валцери, арии и маршеви на Штраус.

Настанот е организиран во соработка со Австриската Амбасада во Скопје, со поддршка од институциите и приватниот сектор и ќе биде сниман и директно пренесуван на каналот на МРТ1, но регистрацијата е задолжителна.

Регистрирајте се на линкот ОВДЕ.

 Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести