Од Македонската берза информираа дека на 26. јуни на барање на Комерцијална Банка АД Скопје, по пат на јавна берзанска аукција, од страна на продавачот Топлификација АД Скопје – во стечај ќе се понудат за продажба 27 обични акции издадени од ТЕ-ТО АД Скопје, кои претставуваат 10,80% од основната главнина на Друштвото, со почетна продажна цена од 38.273.474 денари по акција преку моделот “се или ништо“.