(Фото) „Кај мама и тато на работа“: Проект на ЕВН кој ги мотивира најмладите да станат дел од светот на енергетиката

ЕВН Македонија традиционално и со гордост повторно ги отвори вратите за најмладите веднаш по завршување на школската година, информираат од таму.

Компанијата преку програмата „Кај мама и тато на работа“, секоја година им овозможува на децата на вработените од Централните оддели и Корисничките енерго центри низ целата држава, да го посетат работното место на своите родители и низ едукативни игри да се запознаат со светот на енергетиката.

Околу 270 деца кои беа поделени во возрасни групи, во текот на денот учествуваа во интерактивни работилници, изведуваа експерименти, а активностите ги заокружија со музичка забава во дворот на ЕВН. Освен едукативниот карактер, работилниците имаат за цел и поттикнување на љубопитноста на најмладите кон техничките науки.

Раководителот на човечки ресурси на ЕВН Македонија, Фисник Осеку, ги пречека најмладите и им порача дека новата енергија отсекогаш била составен дел од културата на компанијата и дека тие се добродојдени во просториите на ЕВН не само како посетители, туку и како идни вработени, посочуваат од таму.

„Кај мама и тато на работа“ се организира од 2016 година. Во програмата учествуваат децата на вработените на сите компании во рамки на семејството на ЕВН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести