Поп-пејачот Јоце Панов на својот You Tube канал објави видео снимка од спектакуларниот концерт по повод 25 години музичка кариера. Колку за потсетување, на 8. март годинава во Mакедонската Филхармонија, која беше исполнета до последно место приреди вистинска бура од емоции.
Македонскиот поп пејач одлучи да ја израдува својата публика и да им овозможи да уживаат во концертот.
Светска сцена, со големи лед екрани и голем симфониски оркестар. Ова е последниот концерт на кој покојната Сара Пројковска беше придружен вокал. Јоце и Сара соработуваа повеќе од дваесет години.
Од неговиот ПР тим велат дека поп печајот во моментов подготвува неколку проекти и многу наскоро се очекува да биде објавен еден летен хит, за кој се снима и видео запис.
Интензивно се работи на подготовки за концертната турнеја која низ градовите во државата ќе продолжи на есен, а веќе на пролет следната година во преговори се за настапи во дијаспората кај нашинците.
Промотивна објава