Извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за Македонија на известувачот за земјава, Томас Вајц, вчера ја помина првата фаза, а останува да се види што ќе се случи со него на пленарната седница на ЕП, која треба да се одржи од 7 до 10. јули.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Помина Извештајот на ЕП за Македонија, не помина амандман пред македонски јазик да стои „модерен“
Истиот е во фокусот на домашната, но и на европската јавност, поради референците за признавање на македонскиот јазик и идентитет, кои во најновата верзија останаа само на две места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што пишува за македонскиот идентитет и јазик во Извештајот на Европскиот парламент
Иако овој Извештај нема меѓународна правно обврзувачка природа, на површина, јавно, ја исфрли целата злоба и омраза од страна на европратениците од „добрите“ соседи Бугарија и Грција, членки на Европската унија (ЕУ) и ја покажаа вистинската причина зошто Македонија неможе да ги почне, а камоли да ги заврши преговорите. Не дека ние не го знаевме тоа, а и не дека тоа во ЕУ истото не го знаеја.
Замислете што би се случило ако станува збор за документ кој има меѓународна правно обврзувачка природа. Немаме толку фантазија.
Но, не само тоа.
Германецот Михаил Галер, европратеник од ЦДУ, која е дел од групата Европска народна партија (од која дел е и владејачката ВМРО-ДПМНЕ) предложи амандман со кој пред терминот „македонски јазик и идентитет” да се додаде „модерен” (сегашен).
„Модерниот“ Германец за тоа доби подршка и од групите на Социјалисти и демократи (од која дел е опозициската СДСМ), Обнова и Зелените, во кои членуваат партии од повеќе земји членки на ЕУ.
Амандманот вчера не помина, но истиот ќе се најде на маса на престојната пленарна седница.
Па така „тажната“ приказна за Македонија (ремек дело на ЕУ) на нејзиниот европски пат европратениците ја направија уште потажна, погазувајќи ги длабоко основните принципи на кои се заснова самата Унија, а не отруја 20 години да сме ги почитувале истите.
„Модерните„ европратеници се дрзнаа да дефинираат каков е македонскиот идентитет и јазик, сегашен или вековен.
„Модерната„ ЕУ, ако тоа и е планот, да прави од нас некоја нова измислена нација, слободно нека си го затвори прозорецот и што е можно побрзо да побара психолошка помош. За нејзино добро!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Што бараат бугарските и грчките европратеници да биде вметнато во извештајот на ЕП за Македонија
Бугарски европратеник со амандман го дефинира македонскиот идентитет и јазик како сегашен
Фото: Игор Бансколиев