Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова ја предводеше македонската делегација на Самитот на НАТО во Хаг, Холандија, а во истата беа и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.






Сиљановска Давкова, како што информираа од нејзиниот Кабинет таму имаше средба со претседателот на Латвија, Едгарс Ринкевичс, претседателот на Чешка, Петр Павел, со премиерот на Естонија, Кристен Михал, генералниот секретар на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Марцин Цепелак, како и кратки средби со американскиот претседател Доналд Трамп и италијанската премиерка Џорџа Мелони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исто така разговарала и со бугарскиот премиер Росен Жељазков.
Таа имаше и обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет на кој меѓудругото посочи на неопходноста од единство околу деблокирање на македонскиот евроинтегративен процес.
-Ги повикав земјите членки на ЕУ, коишто во исто време се и членки на НАТО, да го завршат обединувањето на Европа, бидејќи европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан не е само политичко прашање, туку и геополитички и безбедносен императив, посочила таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Сиљановска Давкова на маса со Зеленски на приемот кај кралот и кралицата на Холандија
Кратка средба на Трамп со Сиљановска Давкова и Муцунски
Фото: Кабинет на претседателката/МНР