Ќе нема резидентно и нерезидентно население на попис, Уставен укина делови од Методологијата

Уставниот суд укина делови од Методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население, бидејќи оценил дека не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок – владеењето на правото, како и оти директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што нема законско овластување, информираа од таму.

Одлуката нема да важи ретроактивно за веќе спроведениот попис од 2021 година, а ќе се применува од моментот кога ќе биде објавена во Службен весник, за подзаконските акти кои ќе се носат во иднина.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести