Телеком Италија (TIM) ги откупи правата за емитување на популарната македонска анимирана серија „Сказните на Биби“ на својата СВОД платформа TIMVision, објави Факултети.
Емитувањето на серијата во Италија ќе започне од септември.
„Светот на Биби“ е најуспешниот едукативно-забавен бренд за деца во Македонија и во регионот. Серијата „Сказните на Биби“, која е дел од оригиналната продукција на брендот, се емитува на повеќе национални и регионални телевизии.
Телеком Италија е водечки телекомуникациски оператор во Италија, со милиони корисници и богата понуда на дигитални и стриминг содржини преку TIMVision, која е достапна на територијата на цела Италија.